Членките на НАТО се сериозно загрижени поради блиската соработка меѓу Русија и Белорусија, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во интервју за германскиот весник Велт ам Зонтаг објавено денеска. Тој додаде дека Минск станува се позависен од Москва и дека алијансата одблиску ја следите ситуацијата во Белорусија.
"Секако, спремни сме ако е потребно да го заштитиме и одбраниме секој сојузник на Алијансата од каква било закана која доаѓа од Минск и Москва“, рече тој.
Столтенберг додаде дека случувањата во Белорусија ќе се разговара и на престојниот самит на НАТО во Брисел. Европската унија и НАТО пред две недели изразија огорчувања поради принудното слетување на авионот на компанијата Рајанер во Минск кој леташе на релација Атина-Вилнус по што белоруските власти го приведоа новинарот и опозициски активист Роман Поташевиќ.