Џонсон ќе побара од Г7 да го вакцинираат светот до 2022 година

Британскиот премиер Борис Џонсон по примањето на првата доза вакцина АстраЗенека

Британскиот премиер Борис Џонсон ќе побара од лидерите на Групата седум (Г7) богати држави да го вакцинираат целиот свет против Ковид19 до крајот на 2022 година. Во соопштението објавено вчера тој наведува дека тоа би било единствен и најголем подвиг во историјата на медицината. Џонсон наведува дека тој бара од лидерите на Г7 тоа да го постават како цел на состанокот во Лондон кој треба да се одржи на 11 јуни.

Лидерите на тридневните разговори се очекува да се фокусираат на глобалното опоравување по коронавирусот. Многу богати земји, вклучително и Соединетите Американски Држави најавија донации на вакцини за сиромашните држави.

На шести јуни група американски сенатори пристигнаа во Тајван и најавија дека ќе донираат 750 000 вакцини за земјата како дел од кампањата на претседателот на САД Џо Бајден да сподели милиони вакцини низ светот.