Министрите за финансии на групата 7 (Г7) најразвиени земји на светот се договорија за „минималниот светски данок“ на фирми од најмалку 15 отсто, наведоа во соопштение објавено денеска по дводневниот состанок во Лондон.
Агенцијата Франс прес јавува дека британскиот министер за финансии Риши Сунак, како претставник на земјите организатори на состанокот, го нарекол договорот историски. Со него, според Сунак ќе се создадат еднакви услови за глобалните компании.
"По повеќе години разговори министрите за финансии на Г7 постигнаа историски договор да го реформираат светскиот даночен систем и да го приспособат на глобалната дигитиална ера“, реле Сунак.
Министрите за финансии на САД, Велика Британија, Франција, Германија, Канада, Италија и Јапонија на состанокот се согласија дека минималната стапка на корпоративниот данок треба да биде 15 отсто. Технолошките гиганти како Амазон и Гугл може да бидат меѓу погодените компании.
Германскиот министер за финансии Олаф Шолц рече дека постигнувањето на договор значи дека компаниите веќе нема да можат да го избегнуваат плаќањето данок преку регистрација во земјите со ниска стапка на оданочување.
"Ова е многу добра вест за оданочувањето и солидарноста, а лоша за земјите кои преставуваат даночен рај за компаниите“ рече Шолц.