Американскиот специјален претставник Метју Палмер изјави дека крајната цел на Содинетите Американски Држави останува да се дојде до заемно признавање меѓу Белград и Приштина, но дека Вашингтон поддржува и други модалитети за договор ако со него се согласни двете страни.
По средбата со специјалниот преставник на Европската унија Мирослав Лајчак и разговорите со највисоките претставници во Белград и Приштина, Палмер во интервју за телевизијата Н1 рече дека крајната цел останува взаемно признавање на Србија и Косово.
“Ние имаме визија Србија и Косово да бидат целосно интегрирани во европското семејство на народи, да бидат членки на Европската унија. Како две држави може да бидаат членки на ЕУ ако меѓусебно не се признаваат? Тоа целосно го отвора европскиот пат за двете земји. Затоа ние како САД го гледаме целосното меѓусебно признавање како најдобар пат тоа да се постигне“, рече Паламер.
На прашањето дали постои План Б односно можност да се дојде до договор без потпишување на меѓусебно признавање, американскиот дипломат рече дека договор може да биде се за што двете страни ќе се договорат.
„Ние не ја ограничуваме агендата ниту го одредуваме исходот. Тоа е на страните, тие го водат целиот процес. И на Белград и на Приштина е да одредат што е за нив нормален однос или поноромален од овој сега“, рече Палмер.
Тој додаде дека двете страни денеска се поблиску до договор во смисол дека се подготвени за повторно сериозно ангажирање во дијалогот.