Фејсбук ја продолжи забраната за профилите на Трамп за уште две години

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп

Компанијата Фејсбук соопшти дека ја продолжува забраната за профилите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа за уште две години.

"Земајќи ја предвид сериозноста на околностите што доведоа до суспензија на профилите на господинот Трамп, веруваме дека неговите постапки претставуваа сериозно кршење на нашите правила што заслужуваат највисока казна достапна според новите протоколи. Ние ги суспендираме неговите профили за две години, од денот на првичната суспензија на седми јануари годинава “, соопшти Ник Клег, потпреседател на Фејсбук за глобални прашања.

Фејсбук и други социјални мрежи меѓу кои Твитер и Јутјуб ги суспендираа профилите на Трамп по наводите дека неговите коментари ги охрабрија насилните кои влегоа во американскиот Капитол на шести јануари.