Пoранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски го напушта затворот во Шуто Оризари и оди во домашен притвор. Апелациониот суд ја донесе одлуката за замена на мерката откако Вишото јавно обвинителство Скопје ја прифати понудената гаранција од околу 500 илјади евра.
„Ве известуваме дека Вишото јавно обвинителство Скопје, по предметот оформен по поднесена Жалба на обвинетиот Д.Р. со понудена гаранција, до Апелациониот суд Скопје согласно законските надлежности достави писмен предлог со кој му се предлага на Судот да ја уважи жалбата на обвинетиот, да ја прифати понудената гаранција во висина од 30.686.215.00 денари и да ја замени мерката притвор со понудената гаранција“, наведуваат од обвинителството.
Рашковски на 21 април беше спроведен во затворот во Шуто Оризари. Тој е осомничен во случајот со набавка на софтвер за сообраќајни прекршоци преку фирмата „Инвока груп“ кој што Министерството за внатрешни работи со месеци не го користело, како и за оштетување на буџетот за 100 илјади евра со незаконито спроведување на јавна набавка.
.