Вишото јавно обвинителство Скопје прифатило пoранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски да излезе од притвор по понудената гаранција од околу 500 илјади евра.
„Ве известуваме дека Вишото јавно обвинителство Скопје, по предметот оформен по поднесена Жалба на обвинетиот Д.Р. со понудена гаранција, до Апелациониот суд Скопје согласно законските надлежности достави писмен предлог со кој му се предлага на Судот да ја уважи жалбата на обвинетиот, да ја прифати понудената гаранција во висина од 30.686.215.00 денари и да ја замени мерката притвор со понудената гаранција“, наведуваат од обвинителството.
Рашковски на 21 април беше спроведен во затворот во Шуто Оризари. Тој е осомничен во случајот со набавка на софтвер за сообраќајни прекршоци преку фирмата „Инвока груп“ кој што Министерството за внатрешни работи со месеци не го користело, како и за оштетување на буџетот за 100 илјади евра со незаконито спроведување на јавна набавка.
- Зошто Заев упорно го брани Рашковски и не и верува на Русковска?
- Рашковски спроведен во затворот во Шутка
Владата во меѓувреме ги раскина договорите со друштвото „Инвока груп“. Едниот е за групна набавка од 28.2.2020 година и Договорот за набавка на услуги- одржување на софтвер за полагање испити на државните институции од 11.8.2020.