Кина денеска објави дека остро ја осудува одлуката на американскиот претседател Џо Бајден за забрана за инвестирање во десетици кинески компании од областа на одбраната и технологијата.
Кина ги повика Соединетите држави да ги почитуваат пазарните закони и принципи и да го укинат списокот на компании во кои не е дозволено инвестирање, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи Ванг Венбин на редовната прес-конференција.
На 3 јуни, Бајден потпиша извршна наредба со која им се забранува на американските субјекти да инвестираат во десетици кинески компании поврзани со секторите за одбрана или надзор.
Американската администрација наведува дека со ова го проширува обемот на правно неуредната наредба на претходниот претседател Доналд Трамп.