Пет земји-членки на ЕУ побараа од клучните актери во европските институции да го вклучат Западен Балкан во дебатата за иднината на европскиот блок.
Австрија, Чешка, Унгарија, Полска и Словачка во нон-пејпер што го испратија до другите земји-членки, истакнуваат дека учеството на државите од регионот е од суштинска важност бидејќи иднината на Европа е заедничка иднина со партнерите од Западен Балкан.
Во документот, до кој има пристап Радио Слободна Европа се нагласува дека голем број теми се преклопуваат со приоритетите поставени за Западен Балкан. Затоа овие земји се на мислење дека вклучувањето на засегнатите страни од Западен Балкан е важно во сите пет области истакнати во ревидираната позиција на Советот за Конференцијата за иднината на Европа, особено оние кои имаат директно влијание врз иднината на генерацијата.
„Би било потребно и сегашните и идните земји-членки да работат заедно за да постигнат успех“, се вели во документот.
Дебатата за иднината на блокот во ЕУ, наречена Конференција за иднината на Европа, официјално започна на почетокот на мај.
Дипломатска конференција пред словенечкото претседателство со ЕУ
Конференцијата за иднината на Европа е низа дебати и дискусии водени од граѓани што ќе им овозможат на луѓето од цела Европа да ги споделат своите идеи и да помогнат во обликувањето на заедничката иднина. Тоа е предлог на Европската комисија и Европскиот парламент, кој датира од 2019 година и има за цел да ја согледа среднорочната и долгорочната иднина на ЕУ и какви реформи треба да се преземат во нејзините политики и институции.
Главната цел на оваа конференција е да ги прифати граѓаните, вклучително и важната улога на младите, граѓанското општество и европските институции како рамноправни партнери.