Американскиот претседател Џо Бајден објави дека Вашингтон ќе донира 75 проценти од своите неискористени вакцини против ковид-19 во глобалната програма за споделување вакцини, поддржана од Обединетите нации, КОВАКС. Белата куќа претходно соопшти дека до крајот на јуни ќе сподели 80 милиони дози вакцини со светот. Американската администрација соопшти дека 25 проценти од дозите ќе бидат резервирани за итни случаи. „Ги споделуваме овие дози не за да обезбедиме услуги или да извлечеме отстапки“, рече Бајден во изјавата, додавајќи:
САД планираат дополнителни вакцини за КОВАКС
„Ние ги споделуваме овие вакцини за да спасиме животи и да го водиме светот во ставањето крај на пандемијата, со моќта на нашиот пример и со нашите вредности“. Објавата на Бајден дојде во време на зголемен притисок врз Соединетите држави да донираат повеќе вакцини во шемата за споделување вакцини КОВАКС насочена главно кон посиромашните земји.