Вучиќ ќе ѝ се обрати на јавноста за Косово и разговорите со опозицијата

Заменик помошникот државен секретар на САД Метју Палмер (Л), српскиот претседател Александар Вучиќ (Ц) и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог Косово-Србија, Мирослав Лајчак (Д) во Белград, 3 јуни 2021 година.

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ќе им се обрати на граѓаните по повод посетата на специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Белград-Приштина, Мирослав Лајчак и специјалниот претставник на Стејт департментот за Западен Балкан Метју Палмер. Како што е најавено од Претседателството на Србија, Вучиќ ќе зборува и за Косово, претстојните преговори со Приштина во Брисел, напредокот на Србија на европскиот пат, разговорите со претставниците на опозицијата, и неговото најавено учество на седницата на Советот за безбедност на 8 јуни.

Вучиќ до Курти- Реакцијата на Србија ќе биде многу силна и остра

Вучиќ по вчерашните разговори со Лајчак и Палмер изјави дека дијалогот со Приштина наскоро ќе продолжи и дека верува во можноста за постигнување компромисно решение. Лајчак и Палмер пристигнаа во Белград по дводневната посета на Приштина, каде што разговараа за подготовките за продолжување на дијалогот за нормализирање на односите меѓу Србија и Косово.