Американскиот претседател Џо Бајден ќе ги објави деталите за планот за извоз на 80 милиони дози на вакцини против коронавирус во други земји, изјави американскиот државен секретар Антони Блинкен, додавајќи дека планот може да биде објавен веќе денеска. Блинкен, кој зборуваше на 2 јуни во амбасадата на САД во Сан Хозе, Костарика, на последниот ден од посетата на Латинска Америка, рече дека планот ќе биде во координација со КОВАКС, глобалната шема за споделување вакцини за дистрибуција на вакцини во сиромашните земји. Планот што Бајден треба да го објави ќе се заснова врз науката и потребите, а вакцините ќе бидат понудени „без политички нишки“, рече тој.
Бајден: САД до крајот на јуни ќе поделат 80 милиони вакцини на други земји
Бајден претходно изјави дека иницијативата има за цел да го врати американското лидерство во глобалната борба против пандемијата, истакнувајќи ги напорите на Кина и Русија да ги искористат своите програми за донирање вакцини за да добијат влијание низ целиот свет. КОВАКС доби голем поттик на 2 јуни од земјите и приватните донатори кои ветија скоро 2,4 милијарди американски долари. Механизмот КОВАКС од февруари досега дистрибуираше 77 милиони дози во 127 земји.