Американските власти го припишаа нападот врз бразилскиот преработувач на месо JBS на хакери за кои се верува дека се поврзани со Русија и наведоа дека американските истражители работат „вредно“ за да ја изведат групата пред лицето на правдата. Истражителите го припишуваат нападот на JBS на REvil и Sodinokibi, се вели во соопштението на ФБИ, кое ги повикува сите што се жртви на сајбер напад, веднаш да се јават во бирото. REvil и Sodinokibi се две имиња за иста хакерска група со врски со Русија, според експертите за сајбер безбедност цитирани во извештаите на американските медиуми.
Сајбер напад врз најголемиот процесор за месо го наруши глобалното производство
Белата куќа претходно соопшти дека се смета дека криминална група најверојатно со седиште во Русија е одговорна за хакерскиот напад врз JBS, најголемиот преработувач за месо во светот. Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки изјави дека се очекува за пва прашање да се дискутира на самитот на 16 јуни меѓу американскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин. Нападот за прв пат беше пријавен на 1 јуни и беше насочен кон сервери кои ги поддржуваа операциите на JBS во Северна Америка и Австралија. Погодените постројки за преработка се очекува да се вратат во полн капацитет во следните неколку дена. ФБИ и Белата куќа одбија да коментираат за откупот и не е познато дали JBS платил.
Целосно рестартиран нафтоводот во САД кој беше цел на сајбер напад
Овој напад следеше по нападот во минатиот месец врз најголемиот нафтовод во Соединетите држави, кој ја осакати испораката на гориво неколку дена на југоистокот на САД. Група со врски со Русија стоеше зад тој напад, кој заврши кога компанијата им плати 4,4 милиони долари на хакерите.