Претседателот на Србија Александар Вучиќ вчера најави дека од денеска дека сите граѓани на Босна и Херцеговина можат бесплатно да се вакцинираат против коронавирусот на територијата на Србија. „Имаме доволно вакцини за целиот регион, затоа ги поканувам сите граѓани од регионот да се вакцинираат во Србија“, рече Вучиќ по состанокот со делегацијата на Република Српска во Белград. Тој изјави дека државата очекува поголем одговор од граѓаните на Србија за вакцинирање, но и дека е задоволна и од сегашниот одговор.
БиХ е втора во светот по смртни случаи од коронавирусот на милион жители
Според официјалните податоци од 28 мај, со првата доза против ковид-19 биле вакцинирани 91,444 лица, додека 31,221 граѓани ја завршиле ревакцинацијата. Владата на Србија донираше вкупно 20.000 вакцини на Сараево, а донации беа испратени и во Република Српска. Во изминатите месеци, граѓаните на БиХ патуваа во Белград за вакцинирање, што едно време беше можно со електронска апликација за имунизација, што е на официјалната веб-страница на Владата на Србија од 11 јануари. Оваа можност подоцна беше укината.