Политичарот Исак Херцог е избран за претседател на Израел, кој главно претставува церемонијална позиција наменета да служи како морален компас на нацијата и да го промовира единството. Членовите на израелскиот парламент го избраа 60-годишниот Херцог на анонимно гласање.
Херцог е поранешен шеф на Израелската лабуристичка партија и лидер на опозицијата. Тој неуспешно се кандидираше против премиерот Бенјамин Нетанјаху на парламентарните избори во 2013 година.
Херцог ќе го наследи Рувен Ривлин, кој треба да ја напушти функцијата следниот месец. Тој потекнува од истакнато ционистичко семејство. Неговиот татко, Хаим Херцог, беше амбасадор на Израел во Обединетите нации пред да биде избран за претседател.
Неговиот чичко, Ава Ебан, беше првиот министер за надворешни работи на Израел и пратеник во Обединетите нации и Соединетите држави. Неговиот дедо беше првиот главен рабин во земјата.