Од Министерството за здравство соопштија денеска дека мрежата „CommonTrust“ и Светски Економски Форум, во рамки на проектот „The Commons Project“ ja создале апликацијата „CommonPass“, со цел воспоставување на интероперабилна платформа за взаемно признавање на вакциналните потврди и лабораториските тестови за Ковид-19 меѓу државите.
Министерството за здравство се приклучува кон мрежата и, како што се наведува, со овој чекор, на македонските граѓани ќе им се зголемат можностите за добивање на дигитален здравствен сертификат во согласност со глобалниот стандард „Smart Health Card“.
„Тоа за граѓаните ќе значи дека тие ќе може да го документираат COVID-19 статусот со цел да може да патуваат во други земји и да одговорат на барањата на граничните премини на други држави, истовремено штитејќи ја нивната приватност. Со CommonPass на едноставен начин може да ги преземат резултатите од направениот COVID-19 тест и вакцинална потврда, и да го покажат здравствениот статус на влез во друга држава без да откриваат други лични здравствени информации“, се посочува во соопштението.