Бомбашки напади во Авганистан, убиени најмалку 10 цивили

Бомбашки напад во Кабул на 15 март, 2021

Најмалку 10 цивили се убиени во две експлозии во западниот дел на Кабул, соопштија авганистанските безбедносни власти, во услови на насилство низ целата земја од почетокот на повлекувањето на меѓународните сили.

Полицијата соопшти дека други 14 лица се ранети во одделните експлозии чија цел биле два минибуси. Се уште никој не презема одговорност за бомбашките напади. И талибанците и милитантите на Исламската држава извршуваат бомбашки напади во Авганистан.

Американскиот претседател Џо Бајден минатиот месец објави повлекување на преостанатите 2.500 до 3.500 американски војници и илјадници американски изведувачи до септември. Исто така, се повлекуваат околу 7.000 војници на НАТО.