Најголемиот брод на Иранската морнарица потона во Оманскиот Залив откако се запали денеска под непознати околности, но целиот екипаж бил безбедно евакуиран, објавија државните медиуми. Државната телевизија извести дека бродот што се запалил е помошен брод Карг, именуван по островот каде се наоѓа главниот ирански нафтен терминал. „Сите напори да се спаси бродот беа неуспешни и тој потона“, објави полу-официјалната новинска агенција Фарс.
Иран го ослободи јужнокорејскиот танкер запленет во јануари
Не беше дадена причина за пожарот, кој започна околу два часа по полноќ, соопшти државната телевизија. Пловилото се наоѓало во близина на иранското пристаниште Јаск, околу 1.270 километри југоисточно од Техеран на Оманскиот залив во близина на стратешкиот теснец Хормуз.