Светската здравствена организација ја одобри за итна употреба за лица над 18 години вакцината против ковид-19 Синовак, што е втора кинеска вакцина, која доби таквоодобрување. СЗО соопшти дека податоците доставени до нејзините експерти покажале дека половина од оние кои примиле две дози од таа вакцина не развиле симптоми на ковид-19. Сепак, СЗО наведува дека многу мал број луѓе постари од 60 години биле вклучени во студијата и не може да процени колку е ефикасна вакцината меѓу нив.
СЗО ја одобри кинеската вакцина Синофарм
Одобрението на СЗО значи дека вакцината е вклучена во меѓународната програма за дистрибуција на вакцини КОВАКС, која е поддржана од ОН, и е наменета првенствено за сиромашните земји. Во минатиот месец СЗО ја одобри вакцината на кинеската компанија „Синофарм“, а претходно ги одобри и вакцините развиени од „Фајзер-БиоНТек“, „Џонсон и Џонсон“, „Модерна“ и „АстраЗенека“. Перформансите на Ковакс се забавени затоа што најголемиот снабдувач, во Индија, изјави дека нема да може да обезбеди повеќе вакцини до крајот на оваа година.