Нискобуџетната авиокомпанија Виз ер денеска објави дека постепено се отвораат седум линии до четири дестинации од двата македонски аеродрома. Првиот од обновените летови беше на 23 мај.
Земји во кои Виз ер повторно ги отвора летовите се Франција, Германија, Австрија и Шведска.
„Виз ер ја докажува својата заложба и повторно ги поврзува Северна Македонија со Париз Бове, Базел-Мулхаус-Фрајбург, Фридрихшафен, Дортмунд, Виена, Карлсруе / Баден-Баден и Малме“, стои во соопштението од авиокомпанијата.
За 71 отсто помалку патници од аеродромите во Скопје и Охрид
Поради ковид пандемијата во текот на минатата година авиокомпаниите ги намалија летовите, но со тековниот летен ред на летање повторно ги враќаат.