Германија и Сoединетите Држави преговараат во Вашингтон во обид да го решат спорот за гасоводот „Северен поток 2“, изјави германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас.
„Како што знаете, во тек се преговори меѓу германската влада и администрацијата во Вашингтон“, изјави Маас пред новинарите, додавајќи дека Берлин е заинтересиран да постигне договор со Соединетите држави.
САД ставија 13 руски бродови на црна листа за изградба на „Северен поток 2“
Тој рече дека тоа ќе биде предмет на преговори во Вашингтон, без да даде детали.
„Убеден сум дека ќе најдеме начин, но тоа нема да биде лесно и нема да биде брзо“, рече тој.
Германската медиумска групација Функе вчера соопшти дека германската канцеларка Ангела Меркел ги испратила своите двајца најдобри соработници во Вашингтон да склучат компромисен договор за „Северен поток 2“ пред посетата на американскиот претседател Џо Бајден на Европа кон средината на јуни.
Руски Гаспром и западните партнери забрзано се обидуваат да го завршат Северен тек 2 под Балтичко Море. Овој гасовод, кој е 95% завршен, ќе ја заобиколи Украина, ускратувајќи го Киев од многу профитабилни такси за транзит.