Ако не постеше Договорот од Преспа, сега на нашата северна граница ќе ја имавме ситуацијата што ја имаме југозападно од нас, ќе имавме Либија на нашата северна граница. Таму, ќе имавме постојано присуство на Турција, вели лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас, во интервјуто за грчката регионална телевизија „Стар“, јави МИА од Атина.
Поранешниот грчки премиер истакнува дека како одминува времето, дури и оние што беа критични кон договорот ги сфаќаат придобивките што ги има за Грција.
„Не е само тоа што донесовме решение кое обезбедува мир и стабилност во регионот, дека донесовме решение создавајќи сојузник на нашата северна граници, туку е и тоа што ја спречивме експанзијата на Турција во регионот. Тоа е многу е важно“, истакнува Ципрас.
Вели дека со договорот постигнато е искрено решение за критичните прашања поврзани со културното наследство, но е прекината и „ неприфатливата и смешна стратегија за присвојување на грчкото културно наследство“.