Евроинтеграцијата на Македонија еден од приоритетите на словенечкото претседавање со ЕУ

Илустрација

Словенија е добро подготвена за претседавањето со Советот на Европската унија, што започнува на 1 јули, а најважните теми на дискусија ќе бидат Конференцијата за иднината на ЕУ и напредокот на земјите од Западен Балкан на нивниот пат кон ЕУ, а особено почетокот на пристапните преговори со Северна Македонија, изјави денеска словенечкиот министер за надворешни работи Анже Логар.

„Следните месеци ќе бидат многу тешки за сите нас. Затоа, денеска и утре нема да разговараме толку многу за самото претседателство, туку генерално како да ги материјализираме нашите позиции и нашите обврски од стратегијата за надворешна политика и нашата програма за претседавање“, изјавил Логар на затворена словенечка конференција за дипломатите која се одржува на Брдо кај Крањ.

Тој пред дипломатите нагласил дека им претстојат многу досиеја со големи барања за што ќе мора напорно да работат.