Постигнат е значителен напредок во разговорите меѓу Иран и светските сили за заживување на историскиот договор за нуклеарната програма, но клучните прашања остануваат нерешени, соопштуваат иранските власти.
Иран и шесте сили водат од април водат разговори во Виена за тоа што треба да преземат Техеран и Вашингтон за да може да се вратат на активностите договорени во 2015 -та година.
„Направивме значителен напредок, но клучните прашања остануваат", соопшти денеска портпаролот на Министерството за надворешни работи на Иран, Саид Хатибзаде.
Според договорот, Иран вети дека ќе ги ограничи своите нуклеарни активности во замена за олеснување на меѓународните санкции. Но, Договорот беше ставен во мирување пред три години откако тогашниот претседател на САД, Доналд Трамп го повлече Вашингтон од договорот и повторно воведе санкции кон Иран.
Како одговор на тоа Техеран постепено почна да отстапува од договореното.
Сегашниот претседател на САД, Џо Бајден, рече дека сака да се врати на Договорот со Иран.
Иранските власти велат дека сите санкции треба да бидат укинати, по што тие ќе преземат чекори за нивната нуклеарна програма.