Претседателот на САД, Џо Бајден изјави дека на средбата во јуни ќе изврши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин да ги почитува човековите права. Самитот на 16 јуни во Женева, Швајцарија се случува во услови на ескалација на тензиите меѓу САД и Русија.
„Се среќавам со претседателот Путин за неколку недели во Женева и јасно ќе му порачам дека нема да му дозволиме да ги злоупотребува тие права“, рече Бајден вчера, за време на говорот во чест на Меморијалниот ден на САД.
Белата куќа деновиве соопшти дека планира да „напредува“ со средбата меѓу двајцата лидери, откако Мајкрософт обелодени сајбер напад врз американски владини агенции од страна на Нобелиум, групата од Русија која стои и зад минатогодишниот хакерски напад врз СоларВиндс.
Кремљ тогаш соопшти дека нема информации за нападот.