Османи: На Шапка во лето голф, во зима скијање

Попова Шапка

При посетите во странство се разговарало за Тетово и Попова Шапка како економски потенцијали за инвестирање, а таква прилика имало во Абу Даби, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи од Тетово. Според него се разгледувале два пристапи за инвестирање во однос на летен и зимски туризам.

„Едниот пристап Попова Шапка како можност за инвестирање не само во зимскиот туризам, туку и во летен спортски туризам. Беше покренато прашањето за можноста Попова Шапка летно време да се користи како голф центар, а зимно време како скијачки центар. Исто така,го претставивме и како регионален центар заедно со Косово, да ги претставиме двете страни од планината, бидејќи очигледно големите инвеститори бараат поголеми регионални пазари и можноста регионално да се претставиме е секогаш поатрактивна. Почнуваме со оваа кампања за промовирање на нашите потенцијали и на странски инвестиции и затоа сме тука, за покоординиран пристап, нашите дипломати да се распределуваат низ светот“, изјави Османи.