Пукање во Мајами, двајца загинати и над 20 повредени

Илустрација

Две лица загинаа, а повеќе од 20 се повредени во пукање пред клуб во близина на Мајами на Флорида, соопшти полицијата. Пукањето започна на 30 мај по полноќ, додека некои од посетителите на концертот што се одржуваше во клубот, беа надвор.

Тројца неидентификувани напаѓачи излегле од автомобилот и со пушка и пиштол и започнале да пукаат кон толпата. Си-Ен-Ен објави дека 20 до 25 повредени биле префрлени во блиските болници.

Ова е второ пукање во областа Мајами викендов. Во претходниот случај едно лице загина, а шест беа повредени. Претрелката се случи во петокот во населбата Винвуд. Масовните пукања во Флорида се само еден во низата што се случија во последните неколку недели во САД, пренесува Ројтерс.