Министерот за економија, Крешник Бектеши, и новата директорка на Државниот пазарен инспекторат, Анета Симеска Димоска, денеска најавија дека започнува контрола на квалитетот на сите нафтени деривати во државата со мобилна лабораторија.
„На тој начин, не само што ќе се заштитат потрошувачите од манипулации, туку ќе се заштитува и животната средина. Како што најавивме минатата недела, ги собираме сите податоци за дистривуција на сомнителен мазут. Крајниот рок што им го дадовме на институциите е следниот вторник кога очекуваме да ги имаме сите информации за евентуалните злоупотреби“, рече Бектеши.
Ако не се испочитувани процедурите, Бектеши најави дека документите ќе бидат предадени на Јавното обвинителство. Директорката на ДПИ вети дека максимално ќе биде посветена на контролата на горивата во внатрешниот промет.