Министрите за надворешни работи на Европската Унија денеска разговараа за можни економски санкции против Белорусија. Претходно земјите членки на групата Г7 повикаа на „итно и безусловно ослободување “ на новинарот Раман Пратасевич кој беше приведен по принудното пренасочување на патнички авион кон Минск.
„ Ние почнавме разговори за спроведувања на конкретни секторски и економски санкции“ изјави денеска еврокомесарот за надворешни работи Јосеп Борел пред почетокот на состанокот во Лисабон, додавајќи дека киднапирањето на авионот и притворањето на Пратасевич и неговата девојка е целосно неприфатливо.
Тој истакна дека разговорите за деталите околу санкциите се во напредна фаза, но не откри повеќе информации за нив.