Политичките лидери на двете земји имаат одговорност да создадат услови за дијалог и за конструктивни разговори, заклучија денеска во телефонски разговор премиерите на Северна Македонија и Бугарија, Зоран Заев и Стефан Јанев, информира влаидната прес служба. Во соопштението од Владата е наведено дека Заев му го честитал изборот на Јанев за претседател на Владата на Република Бугарија и му посакал плодна и успешна работа.
Како што соопшти владината прес-служба, двајцата премиери разговарале за билатералните односи со фокус на потребата за вложување на сите напори за разговори и за заемно прифатливи решенија.