Премиерот на Косово Албин Курти денеска изјави дека не верува дека меѓу борците на поранешната Ослободителна војска на Косово има военИ злосторници, но верува дека воени злосторници има и надвор од Србија, односно во северниот дел на Косово, во Босна, а како што вели, можеби и во Црна Гора.
Оваа изјава Курти ја даде од собраниската говорница во Приштина одговарајќи на пратеничкото прашање – за кои воени злосторници зборувал во Брисел.
Тој изјави дека тоа не било првпат да говори за воените злосторства и дека и на Србија и на Брисел им е јасно на кого мислел кога зборувал за воените злосторници
„Дијалогот со локалните Срби е една од нашите заложби и ние сметаме дека дијалогот со малцинствата треба да биде дијалог за развој, а не за помирување. Јас не верувам дека Србите, Албанците, Ромите треба да се помират, бидејќи војната беше поради хегемонијата на Белград и угнетувањето на нашиот народ. Значи, во 1998-99 година не војуваа Албанците против Србите, туку албанскиот народ против Србија,“ изјави Курти.
Курти најави дека неговата Влада ќе ја тужи Србија за геноцид