Бугарскиот претседател Румен Радев денеска изјави дека нема потреба европски историчари да се вклучат во македонско-бугарската историска комисија.
Тој вели дека нема потреба од посредници: „Никој подобро од нас не ја знае нашата историја“, рече Радев кој денеска е во Рим заедно со македонскиот претседател Стево Пендаровски на одбележувањето на сесловенските просветители Кирил и Метродиј.
Инаку, заедничката мешовита историска комисија беше формирана по потпишувањето на Договорот за пријателство и добрососедство меѓу Македонија и Бугарија во 2017 година.
- Рот: Португалското претседателство активно работи на решение меѓу С. Македонија и Бугарија
- Пендаровски реалист и умерен оптимист за решение со Бугарија
Радев вели комисијата ќе се занимава со историјата, но дека е најважно е потребните чекори да бидат преземени на високо политичко ниво.
„Овие чекори не поминуваат низ другите европски метрополи и од таму во никој случај да се врши притисок врз Бугарија. Вистинскиот чекор е еден – во Софија. Тогаш ќе се решат сите проблеми. Ние мора да бараме одржливо и неповратно решение“, изјави Радев