Битиќи: Со електронските картички нема да се дестимулира домашниот туризам

Вицепремиерот Фатмир Битиќи

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денска изјави дека не смета оти со електронските картички за српските туристи на патарините ќе се дестимулира домашниот туризам. Тој рече дека „тоа се предвидени трошоци.“

„Сумата која беше одредена е дадена од Јавното претпријатие за државни патишта кое стопанисува со патарините. На нивните анализи од претходните години за бројот на посетители со српски регистарски таблички на граничните премини, на патарините се укажа дека скоро три милиони ќе чини помалку приливи за ЈП државни патишта“, рече Битиќи.

Коментарите доаѓаат откако Владата одлучи српските граѓани на влез во земјава да добиваат електронска картичка на која ќе има кредит од 760 денари, колку што чинат патарините од Табановце до Гевгелија и назад.

Српските граѓани ќе бидат ослободени од плаќање патарина во земјава од 15 јуни до 15 август, а ќе бидат изработени 200.000 картички.

Владата одлучи да потроши вкупно 2,8 милиони евра за ослободување на српските граѓани од патарини низ Македонија во текот на туристичката сезона.

Битиќи вели дека тоа не се пари за картички, туку надомест за тоа што ќе биде изгубено како приход во ЈП за државни патишта.

„Тие средства одат на одржување на јавните патишта во државата, на нови инвестиции“, истакна Битиќи