На инфективните одделенија и во болниците во Македонија во моментов од Ковид-19 се лекуваат вкупно 249 пациенти, а има 538 слободни болнички кревети, соопшти денеска Министерството за здравство.
Во Скопје во изминатите 24 часа биле хоспитализирани три нови пациенти поради компликации од ковид, со што во главниот град се лекуваат вкупно 100 пациенти, а 148 во другите делови на земјата. Голем дел од хопитализираните се на кислородна поддршка.
Истовремено пуштени се дома 32 оздравени пациенти.
Периодов се намалува бројката на новозаразени од коронавирусот, но висок е бројот на починати лица.
Здравствените власти вчера објавија дека во изминатото деноноќие починале 14 лица. Од почетокот на епидемијата, вкупниот број на починати е 5.356.
Последниот извештај на Министерството за здравство вели дека се регистрирани 46 нови позитивни на коронавирусот од направени 3.073 тестирања.