Бројот на патници во авионскиот сообраќај дури во 2023 година ќе се врати на нивото од 2019-та, пред пандемијата со коронавирусот, која доведе до сообраќаен колапс, процени Меѓународното здружение за воздушен транспорт (ИАТА).
Се очекува годинава бројот на патници да биде 52 насто од оној пред кризата, а дека во идната година ќе порасне на 88 проценти.
Во 2023 година бројката би требало да ги надмине податоците од 2019 година, односно да достигне 105 насто, а до крајот на оваа деценија да изнесува 5,6 милијарди патници, поради очекуваниот раст од 3,9 проценти од 2025 до 2030 година.
Според податоците на Организацијата за меѓународно цивилно воздухопловство (ИЦАО), бројот на патници во 2020 година се намалил на 1,8 милијарди, колку што бил во 2003 година.