Организацијата за меѓународно цивилно воздухопловство (ИЦАО) денеска ќе одржи итен состанок на кој ќе се разговара за пренасочувањето на патнички авион од страна на Белорусија и апсењето на новинар дисидент.
Западните земји- членки на Советот за безбедност на ОН деновиве ја повикаа Организацијата итно да го истражи инцидентот.
Советот на ИЦАО ќе дискутира за присилното слетување на авионот на Рајанер кој леташе од Грција кон Литванија.
Овој чин на Белорусија беше силно осуден од целата меѓународна заедница, а европскиот регулатор за воздухопловство им препорача на сите авио-оператори да ја избегнуваат оваа земја поради безбедносни причини.