Нови 46 случаи, 147 оздравени, а 14 починати од ковид

Тестирање за детектирање на ковид-19. Илустрација.

Во последните 24 часа се направени 3.073 тестирања, а регистрирани се 46 нови случаи на ковид-19. Регистрирани се 147 оздравени пациенти. Пијавени се вкупно 14 починати лица, 8 лица од Скопје , по 2 лица од Гостивар и Кичево и по едно лице од Куманово и Тетово.Од пријавените, 6 лица се починати во домашни, а останатите 8 во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 782.654 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.117, бројката на оздравени пациенти е 147.190, на починати е 5.356, а бројот на активни случаи изнесува 2.571.

Министерството за здравство информира и дека денеска започна вакцинација на лицата со ретки болести заведени во Националниот регистар за ретки болести. Се вакцинираат и родителите и старатели на малолетните лица од овој регистар кој има околу 60 различни дијанози на ретки болести . Покрај овие лица ќе се вакцинираат и пациентите со Цистична Фиброза.

Во оваа категорија ќе се вакцинираат и родителите и старателите на малолетните лица со Цистична Фиброза. Вакцинацијата ќе се изведува во наредните неколку дена на вакциналните пунктови во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје. Неделава, според соопштението, завршува и вакцинацијата на околу 2000 пациентите кои се на дијализа, чекаат орган на листите за трансплантација, имаат трансплантиран орган или и самите се донори.