Владата го раскина договорите со друштвото „Инвока груп“. Едниот е за групна набавка од 28.2.2020 година и Договорот за набавка на услуги – одржување на софтвер за полагање испити на државните институции од 11.8.2020.
Фирмата „Инвока груп“ се поврзува со поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Раковски, кој сега е во притвор. Тој е осомничен во случајот за јавна набавка на софтвер за сообраќајни прекршоци кој што Министерството за внатрешни работи со месеци не го користело. Генералниот секретаријат го купил софтверот од фирмата, која е формирана веднаш по стапувањето на Рашковски на функција. Обвинителството пред една недела отвори уште една истрага за Рашковски, овој пат за за оштетување на буџетот за 100 илјади евра со незаконито спроведување на јавна набавка.
Генералниот секретаријат на Владата е задолжен да го раскине договорот за софтверот за полагање испити и да се побара согласност од Бирото за јавни набавки да се спроведе постапка со преговарање без јавен оглас за да склучи договор со друг оператор. Со времениот оператор треба да соработуваат дури не се заврши со постапката за нов договор.