Годинава ништо од измените на законот за предвремено пензионирање

Банкноти по 1000 денари

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска очекува законското решение за одење во пензија на 64 години да биде одлокирано во Собранието и да бидат повлечени поднесените 482 амандмани, а за решението за предвремено одење во пензија и можноста за докупување на стажот рече дека оваа година не се работи на тој закон.

Законот за одење во пензија предвидува одење во пензија на 64 години и за мажите и за жените и 15 години работен стаж, но дека доколку жените сакаат може да поднесат барање за да се пензионираат на 62 години возраст.

Министерката информира дека МТСП во моментот не работи на законско решение за предвремена пензија со откуп на стаж, бидејќи, како што рече, работата на законот за недела неработен ден и системскиот Закон за работни односи кои бараа повеќе време и поголем ангажман.

Шахпаска вели дека треба да се направи темелна анализа за да се виде како законот за предвремено одење во пензија за да се види какво знаење ќе има таквото законско решение врз веќе стабилизираниот Фонд за пензиско и инвалидско осигурување.