Радев -Во втората половина на јуни се очекува напредок за интеграциите на Северна Македонија

Бугарскиот претседателот Румен Радев во Брисел.

Се очекува во втората половина на јуни да има напредок по прашањето за европскиот пат и почетокот на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ, но дијалогот на највисоко работно ниво меѓу Софија и Скопје треба да продолжи што е можно поскоро, изјави денеска бугарскиот претседателот Румен Радев во Брисел, каде учествува на Самитот на Унијата.

„Јас многу јасно ја искажав бугарската позиција. Бугарија е најсилниот поддржувач на европската перспектива на Република Северна Македонија и Албанија. Бугарија е најголемиот пријател на Република Северна Македонија, но патот до нивната европска перспектива поминува претежно низ Софија и ова треба да биде јасно“, изјави Радев.


Според бугарскиот претседател, како што јави БГНЕС, политичкото раководство на земјава „треба да се стимулира да бара дијалог“ со Бугарија.

Во врска со неговата претстојната посета на Рим, каде ќе патува заедно со македонскиот претседател Стево Пендароваски, Радев истакна дека тие ќе ја покажат својата заедничка волја за соработка.