Директорот на АД МЕПСО Куштрим Рамадани денеска истакна дека побарале скоро двојно зголемување на цената за преносот на струјата што го вршат.
„Побаравме зголемување на цената. Но, кога ќе видиме дека уделот на МЕПСО во сметка платена од крајни клиенти е некаде околу 3,5 проценти, односно во една сметка од 1000 денари за МЕПСО се плаќаат само 35 денари. Сите приходи од сметките во однос на преносот се инвестираат на вистинското место затоа што имаме далекуводи кои се од 50-тите и 60-тите години и треба да се модернизираат. Побаравме скоро двојно зголемување. Ако тие досега на сметка од 1000 денари плаќаат 35 денари, ние побаравме сега да платат по 60-70 денари“, рече Рамадани.
Тој посочи дека последниот збор ќе го каже Регулаторната комисија за енергетика за оваа прашање.
Регулаторната комисија ја одредува цената на струјата во зависност од трошоците за работа на производителот ЕЛЕМ, преносниот оператор МЕПСО и дистрибутерот до крајните корисници ЕВН.