Радев:Европскиот пат на Скопје минува низ Софија

Заедничката посета на Ватикан и заедничкото оддавање почит на делото на светите браќа Кирил и Методиј во Рим, ќе ја покаже нашата јасна, заемна и политичка волја дека ќе ги развиваме односите меѓу нашите две земји во духот на доверба, пријателство и добрососедство. Ова го изјави денеска претседателот Румен Радев по повод заедничката почит кон делото на светите браќа во Рим на 27 мај.

„Одеднаш станав многу интересен за сите европски лидери“, изјави претседателот пред новинарите денес.

Заев оптимист за посетата на Ватикан на Радев и Пендаровски

Тој додаде дека во изминатиов период е забележливо зголемено внимание кон Бугарија.

„Нема да го кажам зборот притисок, но да не заборавиме – Бугарија е членка на Европската унија. Најважно е да не дозволиме нови проблеми да се воведат во Унијата. Ние мора да седнеме едни со други спокојно, искрено и доброволно и да ги решиме нашите билатерални проблеми“, додаде претседателот.

Одбележување на Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј

Радев истакна дека патот за отворање на европските интергации на Република Северна Македонија минува прво низ Софија. Радев ќе ја претставува Бугарија на вонредниот Европски совет во понеделник и вторник во Брисел. Европските лидери се собираат за прв пат со физичко присуство на состанок од почетокот на пандемијата.