Амнести Интернешнл предупредува на загрозување на женските права во Авганистан

Илустрација, Жени во Авганистан

Напредокот постигнат во изминативе 20 години во борба за женските права во Авганистан е загрозен поради закочениот процес на мировни разговори како и поради повлекувањето на мировните меѓународни трупи, предупредуваат од Амнести Интернешнл.

„Авганистан се движи кон исход кој се заканува да го уништи дваесет годишниот напредок во третирањето на жените и девојчињата“ изјави Јамини Мишра, директорка на организацијата за заштита на човековите права со седиште во Лондон, наменета за Азија и Пацифик.

„Сега е време авганистанската влада и нејзините меѓународни партнери недвосмислено да се посветат и да работат да се осигураат дека правата на жените кои се стекнуваа во изминативе две децении не се на мени за тргување во мировните разговори со талибанците“ изјави таа.

Амнести Интернешнл забележува дека во Катар во 2020 година кога се одржуваа дел од преговорите имало ограничено присуство на жените при разговорите меѓу авганистанската владат и талибанците. Мишра ја повика авганистанската влада да „обезбеди инклузивно и значајно учество на жените “ во преговорите.