Иран: Истече договорот со нуклеарната мониторинг агенција на ОН

Иран - Претседателот на Парламентот (центар) Мохамад Бакер Калибаф, заедно со двајца членови на Президиумот на иранскиот Парламент. 2020 година.

Спикерот на иранскиот Парламент денеска изјави дека е истечен тримесечниот договор за набудување меѓу нуклеарната мониторинг агенција на ОН и Техеран, поради што ескалира тензијата во услови на дипломатски напори да се спаси иранскиот нуклеарен договор со светските сили.

„Од 22 мај и со крајот на тримесечниот договор, агенцијата нема да има пристап до податоците собрани од камерите во рамките на нуклеарните постројки договорени според договорот“, соопшти иранската полу-официјална новинска агенција Фарс, цитирајќи го Мохамад Бакер Калибаф.

Неговите коментари дополнително го потенцираа стеснетиот простор за Соединетите држави и другите земји да се договорат со Иран. Техеран веќе збогатува и складира ураниум на нивоа далеку поголеми од дозволените со нуклеарен договор потпишан во 2015 година.

Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) оваа недела соопшти дека разговара со Техеран за тоа како да се продолжи со договорот за мониторинг. ИАЕА соопшти дека нејзиниот генерален директор ќе ги информира новинарите подоцна на 23 мај во Виена.