Русија носи закон со кој поддржувачите на Навални нема да учествуваат на избори

Адвокатот на организацијата на Навални

Руските пратеници се на чекор до тоа да забранат на избори да учествуваат поддржувачите на критичарот на руските власти, Алексеј Навални, јавува рускиот сервис на РСЕ.

Долниот дом на парламентот на Русија планира да го заостри законското решение, пред да стигне до втора фаза, со кое им се забранува на приврзаници и членови на „екстремистички“ организации да бидат избрани на која било функција. Првата фаза од Нацрт-законот беше усвоен од Државната дума на 18 мај. Со предлог текстот им се забранува на лица кои се вклучени во активностите на организации, кои Судот ги смета за екстремистички или терористички да не може пет години да учествуваат на избори за пратеници за Долниот дом.

Мерката, се чини, дека има за цел да се справи со поддржувачите на затворениот опозициски политичар Алексеј Навални, за кои руските власти бараат да бидат прогласени за екстремисти, пред парламентарните избори во септември.

Неговата фондација за борба против корупција (ФБК) веќе е прогласена за „странски агент“, според посебен закон. Од организацијата на Навални на Твитер напишаа дека „законот со кој се забранува секој што е против Путин да биде избран, сè уште не е усвоен, но веќе се работи на негово „подобрува““.

Во сегашната форма, нацрт-законот предвидува ограничувањето да се применува ретроактивно, што значи мерката ќе биде насочена и кон лица кои се приклучиле на организациите пред да бидат прогласени за екстремистички или терористички. Второто читање на предложениот закон е закажано за 25 мај, а неговите автори очекуваат дека тој ќе стапи на сила пред изборите во септември.