Во организација на Министерството за правда работната група за измени на Изборниот законик на кој присуствувале претставници на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Алијанса на Албанците, БЕСА, Алтернатива, Левица, ВМРО-Народна партија, ЛДП, ДОМ, Демократски Сојуз, како и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа состанок во Клубот на пратеници.
Министерот за правда Бојан Маричиќ на неговиот Фејсбук профи напиша дека првиот состанокот поминал во конструктивна атмосфера.
„Се отворија политичките прашања во однос на изборните модели и можни измени. Сите претставници ги изнесоа своите ставови, односно нивните предлозите и размислувања за изменит“е, истаакна Маричиќ.
Тој информира дека е договорено разговорите да продолжат следната недела, а на истите да бидат поканите и парламентарните партиите на помалите етнички заедници.