Заев - Португалија треба да соопшти решение пред Скопје и Софија

Македонскиот премиер Зоран Заев во Брисел на средба со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, 10.05.2021

Премиерот Зоран Заев очекува португалското претседателство со ЕУ во наредниот период да настапи со стратегија пред Скопје и Софија. Заев вели дека челниците на Португалија и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, разговараат со двете страни, и дека ќе направат чекори и ќе се оствари Првата меѓународна конференција кон крајот на јуни.

„Очекувам до крајот на неделата министерот за надворешни работи на Португалија која што е претседавач со ЕУ и комесарот да одат во Софија и да дојдат тука и да соопштат решение на кое што работат веќе пет-шест месеци“, истакна премиерот Заев.

Премиерот вели дека црвените линии на Македонија се познати.

„Бевме во Брисел и им рековме: Ако го чепнете македонски идентитет и јазик тргнете нѐ од преговорите. За идентитет никој никогаш не разговарал“, рече Заев.

Тој во емисијата „Утрински Брифинг“, рече дека Европската унија е „кабаетлија“ и дека се градат стратегии како конечно Европа да го врати својот кредибилитет овде.