Јанковиќ: Луѓето од ЛГБТ заедницата не смеат да бидат дискриминирани

српската комесарка за заштита на еднаквоста Бранкица Јанковиќ.

Припадниците на ЛГБТ заедницата и натаму се соочуваат со проблеми во остварувањето на своите права како „социјална дистанца, омаловажувања, па дури и насилството“, поради што треба да бидат продолжени активностите за подобрување на нивната позиција, изјави денеска српската комесарка за заштита на еднаквоста Бранкица Јанковиќ.

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата, таа посочи дека ЛГБТ граѓаните не смеат да бидат дискриминирани поради нивниот родов идентитет или сексуалната ориентација.

Таа наведе дека припадниците на ЛГБТ заедницата треба да бидат поддржани што е можно повеќе, за да пријават дискриминација и да поднесат жалби до институцијата којашто таа ја води.

„Современото општество не смее да толерира никаков вид дискриминација и мора да создаде услови за сите наши граѓани да бидат еднакви“, посочи Јанковиќ во писмената изјава.

Според Предлог законот за истополови заедници објавен во март оваа година од Министерството за човекови и малцински права, на истополовите парови ќе им биде дозволено да регистрираат партнерство за да стекнат некои од основните права што ги немаат, како на пример споделување на имот, наследство или учество во донесување одлуки во случај на болест и посета на партнер во болница или затвор, но нема да им се додели истополов брак, ниту ќе им биде дозволено да посвојуваат деца.

Министерката за човекови и малцински права и социјален дијалог Гордана Комиќ, на 3 март изјави дека Предлог законот за истополови заедници во моментов чека мислење од експертите на Советот на Европа кои ќе процени дали предлогот е во согласност со забраната на дискриминација.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на 1 мај изјави дека нема да може да го потпише Законот за истополови заедници, бидејќи тој е „должен да го штити Уставот“, кој го дефинира бракот „како унија на маж и жена“.

Министерката Гордана Шомиќ повтори дека Законот за истополови заедници не е предмет на семејниот закон, затоа што не станува збор за брак и не предвидува посвојување деца