Британија размислува дали да ги вакцинира олимпијците

Вакцинација во Британија.

Британската влада сè уште не одлучила дали ќе ја прифати понудата на Фајзер за брзо да ги вакцинира своите олимпијци и параолимпијци против Ковид-19, пред почнувањето на натпреварувањето во Токио ова лето.

Досега Британците вакцинираа само лица над 38 години, иако од следната недела ќе се вакцинираат и лица над 35 години, додека помладите вакцината ќе ја примаат само доколку имаат некакви претходни болести.

„Тоа е чувствително прашање, бидејќи филозофијата се базира на возраста и се покажа како вистинска работа. Најголемиот индикатор е дека возраста е најголемиот фактор. Секако Фајзер им понуди вакцини на олимпијците и ние за тоа ги прашавме“, изјави британскиот министер за спорт Најџел Хадлстон.

Компанијата Фајзер и Бионтек на почетокот на месецов објави дека ќе донира вакцини за спортисти и официјални лица кои се подготвуваат за Олимписките игри во Токио. Игрите ќе започнат на 23 јули.

Во Велика Британија беше одлучено ревакцинацијата да биде одложена до 12 недели, за повеќе луѓе да ја добијат првата доза.

Повеќе од 20 милиони луѓе се вакцинирани во Велика Британија, според податоците објавени на 16 мај.

Треба да се дадат две дози од вакцината на Фајзер со одвојување од три до четири недели.

„Владиното управување со вакцинацијата беше одлично и заедно со донацијата на Меѓународниот олимписки комитет од вакцините на Фајзер за спортистите, се надеваме дека ќе можеме да ги вакцинираме сите спортисти пред да патуваат во Токио. Важно е ова да се случи наскоро, за да ги увериме нашите домаќини во Токио дека ќе сториме се што можеме за да го заштитиме нивното население ", изјави претседателОТ на британската олимписка асоцијација Хју Робертсон.

Белгија, Франција, Германија, Италија и Шпанија се меѓу европските земји кои им понудија вакцини на своите олимиски тимови пред почетокот на Олимпијадата во Токио.

Во Јапонија има зголемување на бројот на заразени со короа вирусот, поради што е продолжена вонредната состојба во девет области, вклучително го и Токио.

Според бројни анкети, околу 80 проценти од населението во Јапонија се противи на одржувањето на Олимписките игри во Токио ова лето.