Македонскиот премиер Зоран Заев во Брисел ќе оствари средба со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, со претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли, со Жозеп Борел, потпретседател на Европската комисија и висок претставник за надворешна политика на ЕУ, со извршниот потпретседател на Европската Комисија, Франс Тимемерманс и со Оливер Вархеји, еврокомесар за соседска политика и проширување. Се очекува тие да разговараат за пристапниот процес на Македонија кон Европската Унија. За време на посетата на Брисел премиерот Заев ќе има средба и со Аугусто Сантош Силва, министер за надворешни работи на Португалија, земја членка и актуелен претседавач со ЕУ. Заев, вчера во Брисел разговараше со Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина.
Заев: Неприфатлива е каква било интервенција во македонскиот идентитет
Од Брисел, премиерот Заев, заедно со заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, ќе отпатува за Мадрид. Премиерот Заев ќе ја заврши европската агенда со работна посета на Атина и со учество на Економскиот форум Делфи, a во Атина Заев ќе има средба со премиерот на Грција Киријакос Мицотакис.
Вархеји за „нон пејпер“ документите - Овие вести се невистинити
До посетата на Заев на Брисел доаѓа по минатонеделната изјава на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји кој за „Еуроњуз“ потенцираше дека е можно раздвојување на Македонија и Албанија во пристапниот процес кон Европската Унија. Конкретно, тој рече дека Брисел би можел да ги продолжи разговорите со Албанија за членство во ЕУ дури и во време кога преговорите со Северна Македонија се во застој поради бугарското вето. „Ако повторно наидеме на тешкотии со Северна Македонија, што значи дека немаме успех во убедувањето на Бугарија и Северна Македонија за заедничко решение, тогаш прашањето е дали можеме да одиме напред само со Албанија. И ќе мора да го разгледаме тоа прашање“, рече Вархеји за „Еуроњуз“.